X
 06.11.2022 Здравје

Што најчесто јадат луѓето кои ја доживуваат стотата година?

Истражувањата покажаа што најчесто јадат луѓето од различни делови на светот кои доживуваат длабока старост. Интересно е што на нивното мени беа издвоени неколку намирници како незаменливи.

Целта на ова истражување беше да се истражи која храна најмногу ја јадат луѓето кои живеат во таканаречените сини зони, места на Земјата кои имаат најмногу луѓе што живеат до 100-тата или над 100-тата година и се познати по здравите навики.

Додека зборуваме за ова, не смееме да заборавиме дека освен местото на живеење, постојат и други фактори што влијаат врз долговечноста на овие луѓе, па така важни се физичката активност, социјалните односи, нивото на стрес, исхраната, но и генетиката.

Сепак, постојат неколку намирници што ги поврзуваат овие луѓе, а освен добриот ефект врз организмот – заедничко им е тоа што повеќето од нив се всушност прилично евтини.

banana
Фото: Freepik

1. Банани

На листата се и бананите кои се полни со калиум, витамин Ц и растителни влакна. Многу е важно да имате доволно влакна во исхраната бидејќи го спречуваат ризикот од болести, го подобруваат здравјето на срцето и го намалуваат ризикот од некои видови рак.

2. Зелен чај

Јапонската култура на долговечни луѓе значи многу чај. Зелениот чај е еден од најздравите, а некои луѓе му додаваат јасмин и куркума. Овој пијалак помага да се намали ризикот од одредени видови рак, да се намали воспалението, да се забрза метаболизмот.

3. Црн грав

Црниот грав е многу чест кај Грците, а докажано е дека може да биде добра превенција против ракот и дијабетесот, а исто така добро влијае и врз кардиоваскуларниот систем.

grav
Фото: Freepik

4. Леб од цело зрно

Речиси за сите групи долговечни луѓе во светот е карактеристично тоа што не консумираат бел леб. Сепак, одлична замена е лебот од цело зрно или киселото тесто.

5. Кафе


Да, добро прочитавте – кафе. Сепак, важно е и како го консумирате овој пијалак. Не претерувајте, но докажано е дека стогодишниците најмногу пијат црно кафе, без шеќер и без млеко, а понекогаш и со капка кајмак. Таквата доза ќе ви помогне да спречите потенцијални проблеми со шеќерот.

maslinovo
Фото: Freepik

6. Ореви и маслиново масло

Докажано е дека луѓето што јадат јаткасти плодови секој ден имаат подолг животен век, понизок холестерол, помалку воспаленија и понизок крвен притисок од оние што не ги јадат често. Секако, не е неопходно да се јаде килограм ореви секој ден, но треба да внесете барем мала количина. Генерално, на менито има повеќе билки во сите сини зони, додека месото не е исклучено од оброкот, туку се јаде повремено. Сепак, тие внесуваат доволно масти во исхраната од јаткастите плодови и од маслиновото масло.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје