Добре дојдовте во бункерот „Срвајвал кондо“. Овој поранешен силос на „Атлас Мисл“ е претворен во луксузен комплекс на станови. Најбогатите и најмоќните во светот можат да купат врвно животно осигурување - бункер кој ветува совршена комбинација на засолниште и стил.
Овој бункер е многу поразличен од стандардно засолниште. Бункерот се наоѓа под земја (60 метри под земја, во средината на рурален Канзас). Бил изграден за време на Студената војна како место за лансирање нуклеарни проектили. Бункерот е опремен со армирано-бетонски ѕидови со дебелина од 9 метри, дизајнирани да преживеат сè, од торнада до нуклеарни боеви глави од 12 килотони.
Но, не можете да го посетите бункерот. Дури и да го најдете (со оглед на тоа што локацијата е тајна), бункерот се чува 24 часа на ден. Но, тоа не е главниот проблем. Најголемата бариера се парите, затоа што овој вид безбедност има своја цена.
Почетните трошоци за единица во овој комплекс се 1 милион долари, плус дополнителни 2.500 долари месечно такса за покривање на животните трошоци: струја, вода, интернет и слично.
Новинарка од веб-страницата „Синет“ одлучил да го пронајде бункерот и да го посети.
- Однадвор не беше ништо посебно. Имаше стражар зад оградата од бодликава жица. Внимателно поставени камери за надзор и две врати од осум тони во ридот пред нас.
По отворањето на масивните врати во ридот, бев пречекан од Лери Хол, сопственик на бункерот. Кога влегов внатре, сфатив дека не е обична обиколка на куќа. И покрај тоа што беше многу топло надвор, воздухот внатре беше ладен и мирен. Чекорите одекнуваа на студениот бетон.
Бункерот се спушта 15 ката, 50 метри под земјата. На горното ниво се главниот влез и комуналните рекреативни објекти. Тука се наоѓаат паркот за миленичиња, ѕидот за искачување и базенот (со тобоган).
Под куполата, во цилиндричниот силос се сместени уште 14 ката - на трите горни се наоѓаат механички соби, медицински установи и продавници за храна. Најдолу, на последните четири ката се наоѓаат училница и библиотека, кино и бар и сала за вежбање (со сауна).
Фото: Screenshot/CNET/YouTube
- Доколку има радијација поради бомба, ќе море да одите во просторијата за чистење и деконтаминација. Хемикалиите овде се грижат за сè. Имаме јод-таблети за да ве лекуваме од зрачење, имаме Гајгерови бројачи што детектираат зрачење, имаме специјални хемикалии за чистење на биолошки и радиоактивни загадувачи што се наоѓаат на вас - вели Хол.
Додека се движиме низ бункерот, се чувствувам како да сум во алтернативна реалност. По краткото возење со лифт до катот каде што се наоѓа киното, застануваме и гледаме збирка од 2.000 филма. Се упатуваме во вежбалницата, влегуваме во училишната соба. Компјутерите овде се опремени и со интернет.
По обиколката на заедничките објекти, време е за посета на самите станови. Не станува збор за мали соби, туку изгледаат како единици во нов станбен комплекс во Сан Франциско или Менхетн. Кујните се полни со апарати од не'рѓосувачки челик, а има и нов мебел.
Хол вели дека комплексот бил дизајниран за долг престој - до пет години. Како бонус, прозорците ја прикажуваат надворешноста во реално време благодарение на надворешните надзорни камери.
Фото: Screenshot/CNET/YouTube
Иако ова место е остаток од Студената војна, Хол планира во следните две години да создаде уште еден луксузен бункер. Со оглед на тоа што ќе биде трипати поголем од оригиналниот бункер, тој очекува дека ќе требаат од 50 до 60 милиони долари за изградба, но веќе има листа на чекање од луѓето што се заинтересирани за купување на новите единици.
Најмалата единица во оригиналниот бункер се продава за 1 милион долари, додека големите единици со цел кат чинат до 3 милиони долари. И покрај таа висока цена, Хол вели дека неговите клиенти се подготвени да ги потрошат парите.
Фото: Cnet.com/Screenshot/YouTube