X
 24.09.2024 Живот

Најбогатите Французи ќе мора да му „помогнат“ на францускиот буџет

Новиот француски премиер Мишел Барние изјави дека нема да ги зголеми даноците за повеќето даночни обврзници, иако најбогатите ќе мора да помогнат во затворањето на дупката во буџетот.

Неговата најрана и најтешка задача ќе биде да го подготви буџетот за 2025 година, во време кога Франција се бори да го задржи растечкиот буџетски дефицит.

- Нема да продолжам да ги зголемувам даноците на Французите, ниту на најскромните, ниту на работниците, ниту на средната класа. Но, не можам да ги исклучам најбогатите од националните напори да ја поправиме ситуацијата - изјави тој.

Барние, кој беше водечки преговарач на Европската Унија за Брегзит, рече дека е отворен за промени во пензиската реформа на Макрон, но дека какви било промени не треба да ги поткопаат финансиите на пензискиот систем.

Како пример тој изјави дека сака поквалитетно да се справи со тешкотиите на вработените мајки преку нивниот долг работен стаж и дека е отворен за предлози од работодавците и синдикатите.

Барние вети и прагматични мерки за ограничување на имиграцијата.

Извор: bizlife.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот