X
 06.05.2019 Технологија

„Амазон“ може да има целосно автоматизирани магацини за 10 години

Не сите 125.000 луѓе што работат во складиштата на „Амазон“ треба да се грижат дека ќе ги загубат работните места поради роботите - барем не во следните десетина години.

Скот Андерсон од „Амазон“ неделава ги прошета репортерите низ магацинот на компанијата во Балтимор и истакна дека би биле потребни најмалку 10 години пред „Амазон“ да може целосно да го автоматизира процесот.

- Технологијата е многу ограничена во сегашната форма. Технологијата е многу далеку од целосно автоматизирана работна станица која би ни била потребна - истакна Андерсон.

Проблемот со роботите е тоа што тие не се толку вешти како луѓето во процесот на собирање на производите - тие или ќе оштетат други производи додека се обидуваат да извадат едно нешто од кутијата или, пак, земаат само едно парче кога би било најефикасно да земат неколку.

Тренирањето на роботите да ракуваат со свежа храна и да ја пакуваат во магацините на „Амазон“ е особено предизвикувачко.

- Само замислете ако сакате банани. Јас сакам бананите да бидат цврсти, а други луѓе сакаат бананите да бидат созреани. Како ќе направите роботот да избере - прашува Дерек Џоунс, глобален директор на „Амазон“ за екологија, здравје и безбедност.

Сепак, додека роботите може не се способни да го изберат совршениот производ, системите постојано се унапредуваат, па предвидувањето на Андерсон може да изгледа дури и малку конзервативно.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија