X
 05.02.2021 Живот

„Амазон“ го претстави футуристичкиот дизајн на новото седиште во САД

„Планина“ од стакло и челик наскоро ќе се издигне во Арлингтон, Вирџинија. На планината ќе има градини, дрвја, но и многу канцеларии бидејќи станува збор за новото, второ седиште на „Амазон“.

Дизајнот на новото седиште бил претставен неделава и открива урбан кампус што се фокусира на јавниот простор и вклучува голема кула. Самата зграда има затворен и отворен простор што може да се користи за самостојна или група работа. Автомобилите ќе се паркираат во подземни гаражи, а зградата ќе биде отворена за јавноста во одредени периоди од денот.



Зградата била дизајнирана од архитектонското студио НББЏ. „Амазон“ го одбрал Арлингтон во конкурс во кој учествувале над 200 града од САД. Финалисти биле Арлингтон и Лонг Ајленд, Њујорк, а компанијата го објавила победникот во февруари 2019.



Изградбата треба да биде завршена до крајот на 2025. Во меѓувреме се гради и втора зграда на „Амазон“ во близина. Во двете згради ќе се сместат околу 25.000 вработени на компанијата.

Автор. Нејт Берг
Извор: fastcompany.com
Фото: NBBJ
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот