X
 06.05.2019 Живот

Утре неработен ден во Скопје

Согласно последните организациски процени поврзани со протоколот за посетата на папата Франциск и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на град Скопје.

Со оваа одлука се опфатени основните и средните училишта, а градинките ќе бидат организирани непречено да ја извршуваат својата функција.
Владата им препорачува и на приватните компании, особено од централното градско подрачје, да ја прифатат одлуката овој ден да биде неработен и за вработените во овој сектор, и на тој начин да го дадат својот придонес во организацијата на програмските содржини од посетата на папата Франциск.

Дополнително ќе биде соопштено кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот