X
 30.11.2020 Образование

Свечен академски час за магистерските и докторските студии на Факултетот за безбедност на УКЛО

На 28 ноември пред магистрандите и докторандите на Факултетот за безбедност-Скопје се обрати проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Марјан Ѓуровски, со што се означи почетокот на новата академска 2020/2021 година на студиите по втор и трет циклус.

Поздравувајќи ги студентите во име на ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Сашо Коруновски, од страна на Ѓуровски беше изнесена информацијата дека Универзитетот „Св. Климент Охридски“ подготви посебна стратегија за реализација на наставата во услови на пандемија преку еден хибриден модел на пристап и во најголемиот дел онлајн-работење на прв, втор и трет циклус на студии, со уверување дека Универзитетот успешно ќе одговори во совладувањето на наставните содржини и практики и притоа ќе го заштити здравјето на студентите, професорите и административниот кадар на високообразовните институции.

1

- Конечно поради пандемијата, уверен сум дека многумина ќе размислат за значењето на високото образование и насушната потреба од некои професии во државата - доктор, информатичар, но и припадник на полицијата, армијата, разузнавачката заедница и др. Меѓу другото, пандемијата покажа дека по медицинските и информатичките науки, науката за безбедност и управување со кризи се иднината на светот, а вие сте направиле вистински чекор затоа што технологијата го движи светот, но безбедноста ги чува светот и државата од нови ризици и закани, а со тоа и човековото живеење и секојдневно опстојување - нагласи проректорот Ѓуровски.

- Преку школувањето вложувате во себе, зашто ѝ требате на татковина, на вашите роднини, другари и пријатели! Да си помогнеме сами на себе! - нагласи професор Ѓуровски. Според него, високото образование треба да биде меѓу првите три високи приоритети во јавните политики, кај ресорното Министерство за образование и наука, а потоа заедно да работиме на имплементација на заедничките цели и задачи преку поголема финансиска инјекција од државата за студентскиот стандард, за следење на наставата и сместување, факултетите, професорскиот кадар, негово подмладување, како и научните и стручни истражувања во кои треба во подоцнежните студиски години да има место заедно да работиме.

1

- Културата на конкурентност е слаба точка во нашето општество и клучниот елемент за нејзино градење во нашата држава е интернационализацијата на поединците и институциите, која може да се добие преку Еразмус плус програмата на Универзитетот. Еразмус плус програмата искористете ја веднаш по завршувањето на првата година од вашето студирање. Најпосакуваното сценарио е образовните институции да станат мрежи во општеството, да бидат заедници на наставата, науката, практиката, да бидат најпосакуваните места во општеството, најпосакуваните места во локалната средина. За такви институции се потребни луѓе со поинаков поглед на иднината. Потребни се примери, како што денес се случува, тука и од вас треба да произлезат - заклучи проректорот Ѓуровски.

На свечениот прв академски час на втор и трет циклус студии на Факултетот за безбедност-Скопје говореа и деканот на Факултетот за безбедност-Скопје, проф.д-р Никола Дујовски, и раководителите на студии.  Свеченоста која се реализира на отворено, со целосна примена на протоколите за заштита, заврши со поделба на студентските индекси.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование