Почнувајќи од 2019 година, Вермонт ќе им плаќа на луѓето да се преселат и да работат таму. Ќе добијат 10.000 долари за две години, што ќе ги покрива трошоците за преселување, просторот за работење, компјутер, интернет и други трошоци поврзани со работата. На 30 мај гувернерот на Вермонт, Фил Скот, го потпишал овој закон.
Фото: Profimedia
Во оваа североисточна држава живеат 625.000 луѓе и е позната по преубавите пејзажи, одличните терени за скијање и огромното намалување на данокот. Вермонт е држава што „старее“ побрзо од сите во Америка, поради што официјалните лица пронашле креативно решение.
Освен тоа, американските власти лансирале и програма чија цел е да убеди 13 милиони американски туристи да одат токму во
Вермонт. За првите три години ќе им плати на 100 нови луѓе да се преселат таму, а потоа секоја година на 20 други.