X
 30.11.2017 Живот

Најевтините градови за живот во 2017 година

evtini

Веб-страницата „Експатистан“, која се занимава со анализа на цената на храната, пијалакот, облеката, предметите за домаќинство, трошоците, транспортот и другите дневни трошоци, направи список со најевтините места за живеење за 2017 година.

Според нејзината анализа, Одеса е најевтиниот град за живот. Украинскиот поморски град ја доби оваа титула поради ниските цени на храната, домувањето и другите животни трошоци.

На пример, ручек во ресторан поединец ќе плати 3,70 евра, еден литар гориво за автомобил чини 0,80 евра, а половина литар домашно пиво во продавниците е 46 центи, додека половина литар точено пиво во кафуле е 93 центи.

Во Одеса два билета за кино ќе платите шест евра, додека за 8 километри поминати со такси треба да издвоите 2,50 евра. Месечната цена за изнајмување стан од 45 квадратни метри чини 194 евра, додека вашите трошоци ќе чинат дополнителни 26 евра.

Интересно е дека на скалата со најевтини места за живот за 2017 година, заедно со Одеса, се наоѓаат уште 7 индиски града и 2 африкански.

1. Одеса, Украина
2. Бубанешвар, Индија
3. Кочин, Индија
4. Џајпур, Индија
5. Ахмедабад, Индија
6. Коимбатор, Индија
7. Каиро, Египет
8. Калката, Индија
9. Хајдерабад, Индија
10. Тунис, Тунис
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот