X
 23.08.2017 Наука

Пет неверојатни природни феномени на кои ретко можете да бидете сведок

Американската јавност имаше можност да сведочи на комплетна соларна еклипса. Но постојат уште неколку ретки феномени што се одвиваат на нашата планета.

Водопади од крв на Антарктикот

Тешко е да се види, но се случува – вода преполна со микробиолошки живот, која се наоѓа кај глечерот „Тејлор“. Температурите на ова место се екстремно ниски и е многу тешко да се има пристап до локацијата за да се сведочи на овој феномен.

„Валкана грмотевица“

Се работи за многу уникатна молња која се случува кога електрично празнење се формира помеѓу малечки честички од вода и мраз во облаците. Вулканската молња внатре формира тенки облаци од пепел. Честичките од пепелта се тријат една од друга и креираат триење, па кога излетуваат во воздух и се одвојуваат, тече електрицитет.

Околу 200 ерупции во последните 200 години манифестирале појава на вакви грмотевици. Се случува на секои 18 месеци, на глобално ниво.

Топчести молњи

Редок електричен феномен кој бил документира првпат во 2012 година. Молњите се појавуваат во неколку бои и се екстремно сјајни. Обично се појавуваат за време на бури со грмотевици. Може да трае повеќе од една секунда, што е долго за молња.

Подводни кругови

Ваквите шеми се круцијален дел од процесот на репродукција кај видовите, па не се толку многу ретка појава. Периодично се забележуваат во Јапонија. Тешко е да најдете начин за да сведочите на ваквата појава, бидејќи би требало да поседувате дозвола за нуркање и да имате среќа да наидете на љубовно гнездо помеѓу водни животни.

Патувачки камења

Движечките карпи во „Долината на смртта“ се феномен за кој се отворија многу дебати. Карпите се движат со бавно темпо. Научниците во 2013 г. успеаја да ги набљудуваат карпите користејќи напредна технологија, па открија дека феноменот подразбира полнење на површината со вода доволна за да се формира мраз кој плови во текот на ноќта, но е тенок и не може да ги задржи карпите, па кога формите од мраз се одвојуваат, тогаш се движат и карпите. Сето тоа се одвива премногу бавно, па можно е многумина и да не ја забележат оваа појава.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука