Раните што ги добиваме во текот на денот заздравуваат побрзо за 60 отсто, за разлика од оние што настануваат во текот на ноќните часови, тврдат научниците. Клетките на кожата побрзо се обновуваат од сечење или горење во текот на денот. Откривањето на врската помеѓу биолошкиот часовник и заздравувањето на раната може да влијае врз времето на закажување на операциите, укажува истражувањето спроведено од научниците од лабораторијата во Медицинскиот истражувачки совет од британскиот Кембриџ.
Истражувањето покажува дека нашиот внатрешен часовник го регулира забрзувањето на раната и го оптимизира заздравувањето. Циркадискиот ритам или внатрешниот часовник управува со речиси секоја клетка во човечкото тело, регулирајќи многу процеси во дваесет и четиричасовен циклус - значи спиење, лачење хормони и метаболизам.
Овие лабораториски тестови, со користење на фибробластата и кератиноцити кај човечките клетки, покажаа дека во текот на внатрешниот „дневен“ часовник им помогнале на раните на кожата да заздрават двапати побрзо отколку раните што се случиле навечер (од 20 часот до 8 часот наутро). На изгорениците што се случиле навечер им е потребно подолго време за 60 отсто отколку на оние што настанале во текот на денот (од 8 часот наутро до 20 часот вечерта). Исто така, околу 95 отсто од раните заздравуваат по 28 дена, наспроти „дневните рани“ на кои им требаат само 17 дена.
Научниците велат дека зголемената активност во клетките е поттикната од силната активност на протеините на актини и колагени, главниот структурен протеин во кожата кој продолжува да се складира на местото на повредата до две недели по нанесувањето на раната.
Можно е времето на заздравување да се подобри со ресетирање на часовникот на клетките пред операција, можеби со употреба на лекови што го ресетираат биолошкиот часовник на време кое би било најдобро за оптимално заздравување на раната.
„Брзото заздравување на раната е важно за да се спречи инфекција. Ако заздравувањето тргне на лошо, раните можат да станат хронични или да остават лоша лузна. Потребни се понатамошни истражувања што би можеле да ни помогнат да развиеме лекови што ќе ја спречат
инфекцијата и ќе ги подобрат
резултатите од операцијата“, велат научниците.