X
 22.05.2016 Наука

Научниците ја откриваат најголемата закана која може да го уништи човекот

Апокалипсата е близу. Од зомби до птичји грип, постојат илјадници начини како човекот може да исчезне во блиска иднина. Но, пред да започнете да бегате и да се криете во скривниците, погледнете што има да каже Извештајот за глобални катастрофални ризици (GCF) од шведската глобална фондација за ризици. Имаме и тоа како поголеми проблеми од зомбите и птиците.

 

1


Во изминатите четири години GCF во соработка со Глобалниот проект на приоритети од Универзитетот во Оксфорд како и Институтот за фондација за иднината на човештвото ги мереа реалните апокалиптични ризици. Поконкретно, тие работеа заедно за да ги дефинираат „настаните или процесите кои ќе доведат до смрт на десетина од населението во светот“. Овие настани се класифицирани како глобални катастрофи, а целта на извештајот не е само да ни ги обелодени, туку и да инспирира идеи за да ги елиминира.

Во основа станува збор за најстариот сеопфатен водич за спречување на апокалипсата. „Најсмртоносниот настан кој доведе огромен број на жртви во 20-иот век беше пандемијата на шпанскиот грип од 1918 до 1920 година. Пандемијата одведе помеѓу 2.5 или 5% од населението во светот“, вели извештајот.

 

2


Но, што е тоа што најверојатно ќе убие најмалку 10% од нас? Во 2016 година одговорот и не е толку различен од тој од 2015 или од одговорот во блиска иднина. Климатските промени се најголемата закана за нашата безбедност. Таа може да не` убие на различни начини, односно нејзината способност да создаде катастрофални временски настани, еколошка деградација, миграција како и можност за судир на ресурсите. Иако овие негативни ефекти од климатските промени веројатно нема да се случат токму сега, тие ќе имаат последици за следните неколку децении. Особено со оглед на тоа што постојано се загрева температурата на средината на планетата, кадешто затоплувањето може да биде поголемо од 6°C, оставајќи големи делови од планетата драматично помалку погодни за живот.

 

3


Најголемите предизвикувачи на катастрофални климатски промени се емисиите. Ако тие не се намалат, aко чувствителноста на климатскиот систем е различна од она што се очекува тогаш лошо ни се пишува. Во извештајот се наведени најдобрите начини за спротиставување на тековните ефекти од климатските промени.

Она што изненадува е причината за смрт за 2016 година: нуклеарна војна. Додека само 9 земји имаат нуклеарно оружје, постојат повеќе боеви глави кои би можеле да предизвикаат огромен проблем. Според извештајот: „Америка има 4.760 со приноси од 50 до 800 килотони. За споредба, бомбата фрлена на Хирошима имала 15 килотони“. Нуклеарната војна е закана, и таа се води меѓу големите сили, со што голема е веројатноста да убие десетици или стотици милиони луѓе во почетоците на конфликтот. Во извештајот се наведува еден одреден модел, каде 4.000 нуклеарни оружја ќе ослободат 150 тераграми на чад, со што ќе доведе до 8°C пад на глобалната температура. Најверојатно нуклеарна војна ќе се случи меѓу Индија и Пакистан, но помалите конфликти - дури и несреќите и погрешните пресметки - можат да претставуваат подеднакво катастрофални ризици.

 

4

5


Најдобар начин за да се избегнат настаните и да се продолжи со политиката на нуклеарно неширење на нуклеарното орујже е земјите да ги намалат резервите и да продолжат да работат за намалување на можноста за случајно лансирање или ескалација.

Климатските промени и нуклеарната војна може да бидат најголемата закана за безбедноста на човештвото, но тие не се единствените. Пандемиите се сметаа за нашата најголема закана до доаѓањето на нуклеарното оружје. Помеѓу шпанскиот грип, црната смрт и големата чума на Јустинијан, над 25% од населението во светот било убиено од болести. Благодарение на антибиотиците, епидемиите на грип се најверојатното сценарио за оваа година, бидејќи се појавуваат релативно често.

 

6


Колку застрашувачки да звучи, резултатот не треба да биде толку лош, бидејќи имало само 10 епидемии во последните 300 години, и ниту една од нив не убила повеќе од 5% од светското население. Во извештајот постојат повеќе начини за запирање на пандемијата од било кое друго сценарио.

Додека ова се сериозни закани за целото човештво, веројатноста на било која од нив да се случи во дадена година се релативно ниски, но сепак треба да се сфатат сериозно. Најдобар начин да се избегнат овие катастрофи е одлуката која не сме способни да ја донесеме.

ГОлем број од земјите во светот, со силна поддршка од водечките нации можат да донесат обврзувачки одлуки кои можат да бидат спроведени на ефикасен и фер начин. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука