X
 07.04.2018 Наука

Предвидувања на познатиот писател Исак Асимов што се остварија

Исак Асимов, автор на „Три закони на роботиката“ и на познатата серија романи „Галактичко царство“ и „Робот“, во 1964 година ги обелоденил своите видувања за светот по 50 години.

Еве што предвидел тој:

1. „Комуникацијата ќе биде во форма на звук и видеоснимки и ќе можеме да ја видиме и слушнеме личноста со која комуницираме на телефон“


Првиот трансконтинентален видеоповик бил реализиран на 20 април 1964 година со технологијата на компанијата „Бел системс“, која веројатно го инспирирала ова предвидување на писателот.

2. „Сателитите во вселената ќе ни овозможат директно да се јавиме на кое било место на Земјата, вклучувајќи ги и метеоролошките станици на Антарктикот“

Едноставно, повикајте го бројот +672.

3. „Роботите за 50 години нема да бидат сеприсутни, нема да бидат ни премногу добри, но ќе постојат“

На Асимов му се припишува воведувањето на зборот „робот“ во англискиот јазик, така што не е чудно што писателот бил во право кога рекол дека во ова време ниту еден робот нема да може да ѝ парира на куќната помошничка Роза во серијата „Семејството Џексон“, која почнала да се емитува во 1962 година.

Сепак, во тек е работата на роботи што ќе можат да положат приемен испит за факултет во Јапонија, да изведуваат хируршки операции, па дури и да приготвуваат врвни јадења.

4. „Што се однесува до телевизијата, екрани преку цели ѕидови ќе ги заменат моменталните ТВ-уреди; ќе се појават и транспарентни 3Д-коцки кои ќе ја прикажуваат содржината во три димензии и ќе го надминат сето она што дотогаш сме можеле да го видиме“


Интересно е колку Асим често успевал да погоди како ќе изгледа технологијата во иднина и колку често успевал да го прецени ентузијазмот со кој таквата технологија била пречекана.

5. „Разговорите со Месечината ќе имаат пречки“

Секако, и на големиот писатели понекогаш му се случувало да згреши. Почетокот на вселенската доба веројатно во него пробудил преголема надеж и оптимизам кога станува збор за изградбата на човечки населби на Месечината, па сметал дека повиците ќе доцнат 2,5 секунди.

6. „Во кујната ќе има уреди што ќе прават ’автоматизирани оброци‘; грејачите ќе ја претвораат водата во кафе“

Сите знаеме дека автоматизираните машини за кафе и интернетот навистина постојат, но интересно е тоа што предвидувањата на овој писател дека производите од обработени алги ќе бидат достапни во различни вкусови навистина се исполнило.

7. „Ќе постои барем една експериментална нуклеарна електрана врз основа на фузија“


ЕУ, Америка, Русија, Кина, Индија, Јапонија и Кореја моментално вложуваат 22 милијарди евра во истражување на фузијата и изградба на првата фузиска електрана во Франција, која треба да почне со работа во 2035 година.

8. „Ќе биде вложен голем напор во дизајнирање возила со роботски мозок“

Автономните возила се тука, иако другото предвидување на Асимов во врска со транспортот не се реализирало.

9. „Нема целата популација во светот да ужива во магијата на модерната технологија. Голем дел од населението ќе нема електронски уреди и иако материјално ќе биде во подобра позиција од денес, ќе биде назад во однос на другиот дел од светот“

Можеби едно од највпечатливите предупредувања на писателот било дека и покрај тоа што технологијата има моќ да ги трансформира нашите животи, таа може да му наштети на човештвото.

10. „Голема е веројатноста за 50 години на Земјата да живеат 6,5 милијарди луѓе, а популацијата на Америка да изнесува 350 милиони жители“


Асимов успешно предвидел уште многу работи, а освен што успешно го предвидел бројот на жители на Земјата, тој напишал дека за 50 години ќе постојат малку рутински професии што машините нема да можат да ги извршуваат подобро од луѓето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука