Српскиот актер Небојша Глоговац остана запаметен по неверојатната глума, но ќе го паметиме и по овие мудрости.
- Секогаш треба да се биде добар. Без оглед дали некој ќе ви се заблагодари или не, ќе ве памети или не, дали ќе возврати или не.
- Животот е како молив, секој ден е сè пократок. Потрудете се да нацртате нешто убаво додека сè уште има од него.
- Ако мрачиш, мрачно е. Ако сјаеш, сјајно е. До тебе е.
- Да се биде, односно да се мисли со своја глава, или да не се биде, односно да се дозволи други да мислат за тебе и безусловно да се прифаќа тоа. Системот секогаш, и во времето на Шекспир, и пред него и по него... тој манипулира со поединците, прави притисок. Само би рекол дека порано тоа било камуфлирано. Денес е сосема соголено и повторно функционира, речиси совршено. Неверојатно!
- Добрината е преценета, односно обезвреднета!
- Душата е она што нè влече кон љубовта, идеалите, добрината, човекољубието, емпатијата. Човековата душа е некое провидение, космичка сила во нас која нè зближува со Бога и нè разликува од животните и нè прави виши суштества.
- Ако некој не може да најде време за вас, не вреди ни да го чекате.
- Понекогаш, без оглед на тоа колку сте мили, колку сте љубезни, колку сте грижливи, колку сакате, тоа едноставно не е доволно за некои луѓе.
Извор:
stil.kurir.rs
Фото: Wikipedia