X
 23.05.2024 Живот

„Можеби секој ден не е добар, но има нешто добро во секој ден“

Начинот на размислување е главната компонента на сечиј личен раст, развој и среќа.

Сите се бориме да одржиме оптимистички начин на размислување кога се соочуваме со проблеми. Но, ако одвоите момент и застанете и се фокусирате на решението, вашата перцепција за проблемот почнува да се менува. Така учиме да растеме во животот: и професионално и лично.

Поради оваа причина, споделуваме инспиративни зборови за следниот пат кога ќе се соочите со предизвик. Ова се некои од најмоќните цитати што можат да ви го променат начинот на размислување и да ве инспирираат да го живеете животот најдобро што можете.

- Тешко е кога ќе згрешите, но уште полошо е кога не сте се ни обиделе да успеете - Теодор Рузвелт.

- Успехот не е случајност, успехот е избор - Стивен Кури.

- Успехот е способност да се оди од еден до друг неуспех без да се изгуби ентузијазмот - Винстон Черчил.

- По дваесет години ќе бидете повеќе разочарани од работите што не сте ги направиле отколку од работите што сте ги направиле. Затоа, излезете од вашата удобна зона. Истражувајте, сонувајте, откривајте - Марк Твен.

- Секогаш правете го она од што се плашите - Ралф Валдо Емерсон.

- Предизвиците се она што го прави животот интересен. Нивното надминување е она што го прави животот значаен - Џошуа Џ. Марин.

- Луѓето што се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот се тие што го прават тоа - Стив Џобс.

- Не можеме да правиме големи работи, само мали работи со голема љубов - Моцарт.

- За да го промените вашиот живот, треба да го промените вашиот начин на размислување - Бред Турнбул.

- Ако се фокусирате на болката, ќе продолжите да страдате. Ако се фокусирате на лекцијата, ќе продолжите да растете - Буда.

- Можеби секој ден не е добар, но има нешто добро во секој ден - Алис Морс Ерл.

- Оние што не можат да го променат своето мислење, не можат ништо да сменат - Џорџ Бернард Шо.

- Не можеме да ги решиме нашите проблеми со истото размислување што го користевме кога ги создадовме - Алберт Ајнштајн.

- Единствената личност која може да ви го трансформира животот е онаа што ја гледате секој ден во огледало - Федерико Наварете.

Извор: Ona.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот