X
 06.07.2020 Живот

„Гугл“ забележал колку сме се движеле за време на пандемијата

Во Македонија е намалено движењето на граѓаните поради коронавирусот и тоа за 19 отсто во рестораните, кафулињата, шопинг-центрите, музеите и сличните објекти, покажува извештајот на „Гугл“ за движењето на населението.

Според последните податоци за Македонија што ги објави „Гугл“ (од 27 јуни), во споредба со основната вредност, движењето на пазари, аптеки и слични места е намалено за само еден отсто, додека во парковите е зголемено за 47 отсто во однос на основната вредност.

Фото: Google (printscreen)

Во извештајот за основна вредност со која се споредуваат моменталните податоци се зема медијаната за соодветниот ден во неделата во петнеделниот период меѓу 3 јануари и 6 февруари 2020 година.

Фото: Google (printscreen)

Најголем пад на движењето, според податоците, е забележан во центрите на јавниот превоз (-30%), додека кога станува збор за работните места, движењето е намалено за 5 отсто.

Извор: Google
Насловна фотографија: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот