Театарот „Глоуб“, познат како место во кое биле изведувани драмите на Вилијам Шекспир, можеби ќе биде целосно затворен поради мерките кои се преземаат за намалување на ширењето на коронавирусот, предупредуваат политичари и претставници од театарот. Некои политичари ја предупредиле британската влада дека историскиот театар, кој е затворен од март поради пандемијата, е пред целосно затворање поради влијанието на мерките на неговите финансии.
Оригиналниот театар „
Глоуб“ бил изграден во 1599, но бил уништен во пожар во 1613. Во 1997 била изградена копија на театарот на неколку метри од оригиналната локација на брегот на реката Темза. Театарот е речиси идентичен во изгледот како и оригиналниот, но со повеќе модерни елементи. Меѓутоа, повеќе елементи во градбата се исти како и во оригиналната градба.
Шекспир напишал многу драми за да бидат изведени во оригиналниот театар. Но, ризикот за неговото затворање во моментов претставува нова закана за иднината на театарот.
Фото: Pixabay
Уметничката директорка на театарот, Мишел Тери, изјавила дека театарот не може да аплицира за финансиска помош и зависи од продажбите на билети и сувенири и едукативните работилници. Затоа, кога престанале да пристигнуваат овие приходи, театарот останал со малку резерви за да продолжи да функционира.
Пратеникот Џилијан Најт, предупредил дека затворањето на театарот би било „трагедија“.
- Шекспировиот „Глоуб“ е светски реномирана институција и освен што е дел од нашиот национален идентитет, тој е водечки пример за големиот придонес кој уметноста го прави за нашата економија. Би било трагедија ова национално богатство да подлегне на Ковид-19 - изјавил тој.
Автор: Ејми Вудјат
Извор:
Си-ен-ен