X
 02.06.2020 Живот

Калифорнија подготвува армија на „коронавирус-детективи“

Администрацијата на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, и два универзитета ќе обучуваат повеќе од 3.000 вработени неделно за да станат „коронавирус-детективи“ кои ќе трагаат по ширењето на вирусот низ Калифорнија.

Почнувајќи од среда, Универзитетот во Калифорнија - Лос Анџелес и Универзитетот во Калифорнија - Сан Франциско ќе обезбедат 20-часовна онлајн-обука за државните службеници избрани за програмата.

Новата „академија за обука“, како што ја нарече гувернерот Гавин, е дел од напорите да се изгради армија од 20.000 луѓе за да тестираат, следат и изолираат луѓе кои можеби биле заразени. Покрај тоа, новата база на податоци во целата земја ќе им помогне на локалните здравствени оддели да ги следат заразените лица и нивните контакти додека патуваат низ државата.

- Ова е нешто што ни беше потребно во Калифорнија затоа што честопати имаме случаи кога контактите се вкрстуваат со други окрузи за кои било заболувања - вели Сара Босе, директорка за јавно здравје на округот Мадера.

Процесот на следење на вирусот од личност на личност се нарекува следење на контакти. И експертите се согласуваат дека е од клучно значење за уништување на новите жаришта - особено затоа што напорите за повторно отворање на државата овозможуваат повеќе можности за инфекција.

kontakti
Фото: Pixabay

- Бидејќи луѓето повеќе се движат, се зголемува ризикот да се заболат. Ако луѓето се заболат, сакаме да ги идентификуваме колку што е можно порано, а потоа да ги идентификуваме и сите нивни контакти - вели Сонија Ангел, директорка на Одделението за јавно здравје во Калифорнија и државен службеник за здравство.

Сега, 23 од вкупно 61 локална здравствена служба во Калифорнија активно ги следат изложените контакти. Речиси 3.000 детективи интервјуираат луѓе што се позитивни на тестот, ги идентификуваат луѓето што биле во интеракција со нив и ги известуваат за потребата од изолација или карантин.

Но, Националното здружение на здравствените власти во округот проценува дека на нацијата ќе ѝ бидат потребни 30 трагачи на контакти за секои 100.000 Американци за да се справи со пандемијата. Тоа значи дека 2.845 трагачи на контакти на Калифорнија не се доволно - потребни се 12.000 за да се следи вирусот за население од 40 милиони. За таа цел, гувернерот ги објави плановите за прераспоредување на државните службеници кои имаат вештини на културна компетентност, јазични вештини и здрав начин на размислување.

Новата програма за обука може да помогне во стандардизирањето на следењето на контактите низ цела земја. Но, не се знае кога ќе бидат распоредени новите трагачи на контакти.

Сепак, на државата треба да ѝ помогнат и луѓето: тие треба да бидат подготвени да соработуваат, особено ако соработката значи отсуство од работа и плата и потенцијално ставање на пријателите, семејството и соработниците во изолација и нивно отсуство од работа.

Извор: Calmatters.org
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот