Просечните цени на ноќевања во земјава во јуни годинава биле за 6,3 отсто пониски од јуни минатата година, покажуваат податоците за цените на угостителските услуги објавени од Државниот завод за статистика во понеделник.
Гледано за периодот од јануари до јуни, просечните цени на ноќевања се 6,5 отсто пониски во однос на истиот период лани.
Фото: Screenshot/Државен завод за статистика
Покачување во цените се забележува кај алкохолните и безалкохолни пијалаци. Во јуни, цените на алкохолни пијалоци во угостителските објекти биле за 3,2 отсто повисоки отколку минатиот јуни, а за 0,1 отсто повисоки од мај.
Цените на безалкохолните пијалаци овој јуни биле 2,7 отсто повисоки во однос на минатиот јуни, а 0,1 отсто повисоки од мај.
Најголемо зголемување во цените во угостителските објекти има кај варивата, кои биле 3,6 отсто поскапи овој јуни отколку минатиот јуни.
Извор:
Државен завод за статистика
Фото: Pixabay