X
 06.07.2021 Живот

Совети за безбедно ковид-летување

И ова лето луѓето ќе треба да бидат доста претпазливи доколку планираат да одат на одмор. Ова се неколку работи што треба да ги земете предвид кога одите на одмор.

Дури и да сте вакцинирани, мора да знаете колку заболени од ковид-19 има во земјата што ја посетувате. На овој начин ќе знаете колкав е ризикот да се заразите. Имајте на ум на статусот на вакцинација и здравствената состојба. Исто така, мора да ја разгледате ситуација од лична перспектива. Доколку не сте вакцинирани, постои поголем ризик од зараза од ковид-19. Следете ги сите мерки на претпазливост: носете маски, дезинфицирајте ги рацете и држете физичка дистанца.

Експертите советуваат да ги земете предвид транспортните средства со кои ќе патувате на годишен одмор. Автобусите, возовите и авионите се полни со луѓе и со тоа е поголема веројатноста да се заразите. Ако можете, патувајте со сопствен превоз.

Пред поаѓање, видете кои документи ви се потребни за влегување во земјата (негативен ПЦР-тест или брз тест) не постар од 48 часа (тестот се смета од моментот на земање брис до пристигнување на граничниот премин). Доколку станува збор за брз антиген тест и престој подолг од 10 дена, ќе мора повторно да се тестирате по десеттиот ден од денот на издавање на тестот. Ќе биде потребна потврда за вакцина за оние кои планираат престој подолг од 2 недели.


Фото: Freepik


- Не заборавајте да спакувате сè што ви треба (маски, средства за дезинфекција), но и лекови во случај да се заразите. Исто така, добро би било да платите за меѓународно здравствено осигурување. Не заборавајте и за хигиената во местото каде што ќе се сместите. Немојте многу да се оптеретувате, но задолжително дезинфицирајте ги кутиите, далечинските управувачи од ТВ и клима-уредот.

Избегнувајте јавен превоз

Избегнувајте затворени простории кога излегувате на оброк и избирајте ресторани и кафулиња што имаат градини. Носете маски во сите затворени јавни простори како што се продавници, бензински пумпи, аптеки и слично. Онаму каде што можете, користете бесконтактно плаќање.

На одмор, повеќето од нас сакаат да прошетаат низ туристичкото место каде што престојуваат. Избегнувајте јавен превоз, како и затворени туристички места каде што има многу гужва. Изберете дел од денот кога има најмалку туристи при посета на музеи и знаменитости.

На веб-страниците на општините, градовите и туристичките одбори, ќе најдете броеви за контакт и работно време на надлежните медицински ординации. Следете ги информациите и најновите мерки во градот и земјата што ќе ги посетите. Придржувајќи се кон советите ќе имате безбеден одмор.


Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот