Просечниот износ на јавниот долг на земјите во Европската Унија во 2021 изнесувал 88,1 отсто од бруто-домашниот производ (БДП). Тоа е помалку од 90 отсто од БДП забележан во 2020 година.
Сепак, има разлика помеѓу земјите членки. Јавниот долг на Грција изнесува дури 193 отсто од БДП, а оној на Естонија 18 отсто од БДП. Јавниот долг на Италија изнесува 151 отсто од БДП, а на Португалија 127 отсто од БДП. Грција, Италија и Португалија имале уште поголем јавен долг претходните години и успеале да го намалат и покрај пандемијата.
Каква е ситуацијата во регионот?
Во земјите од регионот најголем јавен долг има Црна Гора - 83,27 отсто од БДП. Јавниот долг на Хрватска во 2021 изнесувал 79,8 отсто, а на Словенија 74,7 отсто.
Оној на Србија изнесувал 56,9 отсто од БДП, а на Македонија 53,2 отсто. Јавниот долг на Босна и Херцеговина изнесувал 36,01 отсто од БДП во 2021, додека оној на Косово бил најнизок - 23,34 отсто од БДП.
Извор:
Capital
Насловна фотографија: Pixabay