X
 20.12.2021 Живот

Во оваа држава се забранети разводите

Филипините се единствената земја во светот која на граѓаните им го скратува правото на развод.

Црквата го гледа бракот како свет завет, а филипинскиот устав го поддржува како институција што треба да се заштити. Црквата верува дека никој не може да го скрши она што Бог го соединил преку брачната заклетва.

Многу пратеници се залагаа за закони за развод на Филипините, но тие беа блокирани од политичари кои имаат конзервативни ставови во врска со бракот.

За утеха, филипинскиот устав нуди законско раздвојување и поништување на брачната заедница како алтернатива на разводот, но тоа не е развод по дефиниција.

Законски, сопружниците можат да се разделат само ако има физичко малтретирање во заедницата или ако алкохолизмот и употребата на дрога станат големи брачни проблеми. Иако законски разделени, сопружниците можат само да ги прекинат своите брачни обврски, вклучително и заедничкиот живот. Сепак, парот и понатаму е во брак во очите на законот, па легално разделените парови не можат повторно да се венчаат.

Можете ли да замислите дека човек кој сака да купи нова станбена единица мора да бара „одобрување“ од сопругата иако со години се разделени. Од друга страна, жената мора да го користи презимето на нејзиниот сопруг во сите документи и покрај тоа што е разделена од него.

Иако не мал број Филипинци ја поддржуваат легализацијата на разводот, сепак, католичката црква, конзервативците и некои партии се незадоволни од идејата. Со оглед на нивното силно влијание во општеството, останува да се види дали работите ќе се поместат од мртва точка.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот