За повеќето луѓе, пасивниот приход е дополнителен мал приход корисен за домашниот буџет. За Стив Балмер, тоа значи дека ќе заработува милијарди долари годишно не правејќи ништо.
Во 2024 година Балмер ќе собере толку многу пари од дивидендите од „Мајкрософт“. Технолошкиот гигант ја зголеми својата квартална исплата на дивиденда на 75 центи по акција или 3 долари по акција годишно.
Како поранешен извршен директор на „Мајкрософт“, Балмер поседува 333,2 милиони акции на компанијата од 2014 година, што е еквивалент на удел од 4 отсто, така што во фискалната 2024 година тој ќе добие една милијарда долари. А ќе ги добива само затоа што ги поседува акциите, без оглед на цената на движење на берзата.
Секако, можно е бордот на директори на „Мајкрософт“ да одлучи да ја намали дивидендата, но тоа не изгледа како голема веројатност. Откако компанијата почна да им плаќа дивиденди на акционерите во 2003 година, износот само се зголемува.
Балмер не е единствениот што заработува пари само од поседување акции на компании кои плаќаат дивиденда.
На листата со милијардери на „Форбс“, Стив Балмер е на десеттото место со 80,7 милијарди долари.
Индексот на милијардери на „Блумберг“ го става Балмер на 5. место со богатство од 115 милијарди долари.
Балмер му се придружил на „Мајкрософт“ во 1980 година како асистент на Бил Гејтс, но всушност работел како генерален менаџер. Тој првично се согласил на основна плата од 50.000 долари плус 10 отсто удел од растот на профитот што го генерирал, но кога неговиот дел од профитот станал преголем, тој се согласил да ги замени условите за значителен сопственички удел во компанијата.
Како доверлив советник на Гејтс, тој постепено станал извршен директор на „Мајкрософт“ во 2000 година. Функцијата ја напуштил во 2014 година.