На „Инстаграм“ е споделена снимка од емисија на Би-би-си од 1989 година наречена „Година 2000“, која покажува како ќе изгледаат нашите домови во модерното време.
Во видеото се наведува дека кога „нередот од технологијата ќе исчезне“, луѓето ќе можат да ги уредуваат собите во својот дом како што сакаат.
- Нема да можете да ја видите технологијата, но таа ќе биде таму, ќе ја врши својата работа, без да ви пречи - се вели во видеото.
Тогаш сметале дека светлата автоматски ќе се палат и гасат кога влегувате и излегувате од собите и дека куќата ќе „научи колку светло сакате“.
- Едноставна команда ви овозможува слушање музика, можеби од некоја музичка библиотека - се предвидува во видеото.
Исто така, тие верувале дека штекерите повеќе нема да постојат и дека ќе може да се добива струја од која било точка на ѕидовите. Уште една работа што тогаш ја предвидувале е дека активна улога во домот ќе имаат прозорците.
- Ова е нова технологија за стакло каде што со комбинирање на проѕирни слоеви со обично стакло можеме да влијаеме врз самото стакло. Можеме да го замаглиме заради приватност, а со другите слоеви да ги контролираме отсјајот и сончевото зрачење - вели научникот Дејвид Батон во видеото.
Извор: klix.ba
Фото: Screenshot Instagram