X
 27.09.2019 Живот

Серијата „Симпсонови“ ја предвиде Грета Тунберг пред 10 години?

„Симпсонови“ е позната како серија што ја предвидува иднината. Предвиде дека Трамп ќе стане претседател, а се чини дека го предвиде и подемот на Грета Тунберг.

Пред 10 години, во 17. епизода од 20. сезона, Лиса доби задача да напише извештај за тоа како ќе изгледа Спрингфилд во 2059 година. Кога на интернет открила онлајн-извештаи дека наместо вода, луѓето ќе пијат сапун, светска војна за капка нафта и последната поларна мечка што извршила самоубиство, таа била вознемирена и депресивна. Затоа, напишала извештај со кој ги исплашила и вознемирила нејзините соученици за темни визии за океаните што се издигнуваат од глобално затоплување, претворајќи ги човештвото и низините во пустина и темнина. Ви звучи познато?

По говорот на Тунберг во Обединетите нации, луѓето почнаа да го споредуваат со презентацијата на Лиза. Некои дури и отидоа чекор понатаму, велејќи дека Грета е верзија на Лиза во реалноста.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот