Што ја прави една личност покреативна од друга? Тешко е да се дефинира креативноста и можеби уште потешко е да се измери, но научници сметаат дека пронашле значително едноставен начин за мерење на најмалку еден аспект од креативноста.
Тоа е тест што можете да го направите за неколку минути и најдобро функционира кога не знаете многу околу тоа како се анализира.
Кликнете
тука за да се тестирате и потоа вратете се за да прочитате детали за тестот.
Со новиот метод наречен Задача за дивергентна асоцијација (ДАТ) од луѓето се бара да наведат десет именки кои имаат што е можно поразлично значење. Мачка и книга се многу поразлични од мачка и куче, на пример.
Потоа компјутерски алгоритам ја мери семантичката дистанца - колку се поврзани зборовите. Врз основа на анализа на одговори од 8.914 волонтери, методот е добар колку и моменталните методи за предвидување на креативноста во живо.
- Неколку теории посочуваат дека креативните луѓе можат да кажат различни идеи. Ако тоа е точно, едноставното кажување неповрзани зборови и потоа мерење на семантичката дистанца меѓу нив може да служи како објективна мерка за дивергентно размислување - истакнуваат истражувачите во нивниот труд.
Клучните придобивки од тестот се што е едноставен и брзо се прави, но и не е потребно оценување од човек, што може да доведе до пристрасност. Сепак, истражувачите посочуваат дека не го мери секој аспект на креативноста.
Психолозите сметаат дека покреативните лица се способни полесно да поврзуваат далечни елементи во нивните мисли, што всушност се тестира тука.
- Креативноста е фундаментална за човекот. Колку повеќе ја разбираме нејзината сложеност, толку подобро можеме да ја негуваме во сите нејзини форми - вели психологот Џеј Олсон од „Харвард“.
Истражувањето е објавено во
ПНАС.
Извор:
Science Alert
Фотографија: Unsplash