„Њујорк тајмс“ ја носи приказната за спектакуларно растечкиот бизнис со тестовите за Ковид-19. Проблемот е во тоа што ретко кој може да си ги дозволи, но не е само тоа.
Д-р Асма Рашид, која дава медицински услуги само за одредени луѓе во Хемптонс, добила некои од најбараните покани за забави ова лето. Таа опишува како почнало сè.
- Бевме на овие приватни, приватни настани, каде што морав да потпишам документ дека ништо од она што ќе го видам не смеам да го кажам - вели таа.
Нејзината задача била да им направи брзи тестови на гостите. Таа ја извршува процедурата - земање крв од прстот или брис од носот - во автомобил и им дозволува на гостите да влезат во куќата само ако нивниот тест е негативен. За целата процедура потребни се помалку од 30 минути. Иронијата е во тоа што во голем дел од округот Суфолк со помалку од милион и пол жители тестирањето е ретко. Приватно, тестирањето чини помеѓу 150 и 500 долари. Да бидат работите полоши, повеќето лекари воопшто немаат прибор за тестирање. Пациентите што сакаат да платат за тестот треба да чекаат една недела за да се закажат за тестирање.
Поради тоа, многу клиенти закажуваат кај д-р Рашид кога очекуваат гости, некаков настан или свадба. Но, некои ја повикуваат во 2 часот наутро за тест во последен момент или одат во нејзината канцеларија во паника откако присуствувале на настан со премногу луѓе.
Фото: Freepik
- Секојпат кога има некаков настан или прослава, побарувачката е поголема. Имавме многу работа по концертот „Сејф енд саунд“ - вели д-р Рашид и додава дека морала да го зголеми нејзиниот персонал за да одговори на побарувачката за тестирање ова лето.
Додека поголемиот дел од
луѓето во САД чекаат од 7 до 14 дена за резултати, оние привилегираните имаат пристап до брзи тестови што даваат одговор за помалку од 30 минути. Домаќините изнајмуваат доктори за време на настани, некои луѓе се тестираат откако биле на поголем настан, а компаниите за организирање настани нудат брзи тестови како услуга за клиентите заедно со кетеринг и музика.
Таша Тод, здравствена работничка од Далас, вели дека била фрустрирана кога работела во овој бизнис и сфатила дека многумина ги немаат тие пари.
- Би рекла дека брзите тестови засега се само за богати. Прескапи се - вели таа.
Но, како што вели д-р Деметре Даскалакис од службата за контрола на болести на градот Њујорк, проблемот со овие тестови е тоа што не се 100 сигурни. Сепак, д-р Рашид тврди дека тестот е 100 отсто сигурен. Даскалакис објаснува низа причини поради кои резултатите се прелиминарни. Тој наведува дека некои тестови стануваат позитивни 48 часа по изложување на личноста на ризик, дека треба да се земе предвид периодот на инкубација и дека дури и 10 дена од изложување на вирусот резултатот на тестот може да не е конечен.
- Не можеш да одиш на приватна забава една недела пред да одиш да ја посетиш твојата баба - вели тој.
52-годишниот Џои Шетлер, музичар кој неодамна настапил на настан пред 120 луѓе, опишува дека тој и неговата девојка добиле повик кога да дојдат за да им се направи тест и да ги почекаат резултатите.
Сепак, станува збор за САД, каде што досега од Ковид-19 починаа речиси 170.000 луѓе, а едно од местата што помина низ пекол беше Њујорк. Но, Центарот за превенција и контрола на болести се чини дека сепак успеа да го намали ширењето на ваквите тестови. Големите, луксузни хотели повеќе не ги применуваат бидејќи со нив се создавало лажно чувство на сигурност.
Извор:
Hr.n1.info.com |
New York Times