X
 08.01.2018 Наука

Тајната за отклучување на креативноста

Секојпат кога ќе ја погледнете уметничката слика „Ѕвездена ноќ“ на Винсент ван Гог или ќе ги слушнете теориите за вселенското време на Алберт Ајнштајн, сигурно помислувате дека и двете дела се производи на неверојатна креативност. Имагинацијата е таа што нè носи кон напредок, ги проширува нашите светови и носи нови идеи и откритија. Но, можете ли да се тренирате себеси да бидете покреативни и да имате бујна фантазија? Науката можеби има неколку одговори на ваквите прашања врз основа на видовите на имагинација.

фотоизвор: Van Gogh/Wikipedia

Креативна имагинација

Ова е имагинацијата која доведува до неверојатни откритија. Ова е различно од секојдневната креативност, па тука се работи за имагинација која се врзува за артисти и научници. Истражувањата, пак, покажуваат дека креативната имагинација може да биде поттикната преку средината, односно преку напорната работа. Експертите советуваат посебно напорно да се работи со децата, односно од најмала возраст да се поттикнуваат на извршување креативни задачи. Креативната имагинација има две фази: различно мислење, способност за мислење на низа различни идеи, но поврзаност со главниот проблем и конвергентно мислење, преку кое се евалуираат идеите за извлекување корист за главниот проблем, процес поддржан од аналитичко размислување.

Колку повеќе работите и размислувате за одредена област и учите за истата, толку повеќе ќе добивате идеи.

Фантазирачка имагинација

За многу луѓе, способноста да се биде комплетно обземен од идеја е клучот за финализирање успешен, креативен проект. За тоа е потребна фантазирачка имагинација, што подразбира тенденција да се има живописни и реалистични фантазии, како и ниво на апсорпција на имагинарни светови. Тука се вбројува сонување во будна состојба, дистанцирање од секојдневните обврски, односно еден вид бегство од реалноста.

Експертите велат дека фантазирањето може да помогне при меморијата, планирањето и креативното решавање на проблемите.

Епизодна имагинација

Слична како фантазерската, но тука се работи за епизодни детали од меморијата, а не за имагинарни. На овој начин индивидуите можат подобро да замислат алтернативни патишта и учат од своите грешки, или замислување на иднината и подготвување за истата. Експертите сметаат дека најдобра подготовка за иднината е парадоксално да се замислува процесот, а не резултатот, од посакуваната иднина.
Тешко е да се каже какво би било човештвото без имагинација и креативност. Постојат многу начини за да се поттикне креативноста, со игра, вежби и искуства. Имагинацијата дури и ве прави поинтелигентни. Како што рекол Ајнштајн: „Вистинскиот знак за интелигенција не е знаењето, туку имагинацијата“.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука