НАСА има програма за кандидати за астронаути од 1959 година. Во 2017 година вселенската агенција добила 18.300 апликации, а одбрала само 12 кандидати.
Дали мислите дека би можеле да бидете одбрани? Тоа може да го откриете со помош на еден тест за
астронаути. Тоа не е официјален тест на НАСА, но прашањата се засновани на официјалните барања на агенцијата од кандидатите за астронаути.
Фото: Pixabay
Тестот има 15 прашања што испитуваат шест критериуми: физичка подготвеност, просторна визуализација, знаење, образование, апстрактно расудување и карактерни особини.
Има едноставни прашања како оние за височина и возраст, но има и прашања за образованието, познавањето јазици и способноста за соочување со стрес. Има и задачи за решавање загатки и именување на планетите по редослед.
Тестот може да го пронајдете
овде.
Автор: Гарин Пирнија
Извор:
mentalfloss.com