X
 06.08.2021 Наука

Светската клима може целосно да се смени поради ослабување на струите во Атлантскиот океан

Составот на струи на Атлантскиот океан можеби ослабуваат, а тоа би можело да доведе до големи климатски промени, покажува ново научно истражување.

Атлантската меридијанска циркулација е голем систем на океански струи што носат топли води од тропските предели кон северниот дел од океанот. На површината на океанот се задржува повеќе топлина како што се загрева атмосферата поради емисиите на штетни гасови, а потенцијалниот колапс на системот би можел да има сериозни последици за климата.

Климатски модели покажуваат дека системот е во најслаба состојба во последните 1.000 години, односно струите се послаби од кога било во овој период. Не се знае дали ослабувањето на струите е последица на промена во циркулацијата или се изгубила стабилноста на системот.


Фото: Pixabay

Според истражувачите, доколку се изгубила динамичката стабилност, можеби повеќе нема точка на враќање и може да доведе до колапс на циркулаторниот систем. Истражувачите претпоставуваат дека системот ја изгубил стабилноста поради податоци од температурата на површината на морето и соленоста.

Доколку дојде до колапс на циркулаторниот систем, тоа би довело до разладување на северната хемисфера, зголемување на морското ниво во Атлантскиот океан, намалување на врнежите низ Европа и Северна Америка и промена на монсуните во Јужна Америка и Африка.

Според други климатски модели, системот за циркулација на струите треба да ослабне во следниот век, но веројатно нема да дојде до колапс пред 2100 година.

Извор: Reuters
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука