Автор: д-р Корнелија Ѓорѓиеска, лиценциран доктор по општа медицина
Несвестица или онесвестување е привремено и транзиторно губење на свеста, кое се случува поради нагло намалување на протокот на крв во вашиот мозок. Една епизода обично трае неколку секунди, но може да трае и неколку минути. Оваа состојба се смета за безопасна доколку се случи еднаш, но ако често се онесвестувате или имате други симптоми, треба да се побара лекарска помош.
Кои се најчестите причини за појава на несвестица?
Најчеста причина за несвестица е наглото опаѓање на крвниот притисок, што го намалува протокот на крв и кислородот во вашиот мозок. Постојат многу причини зошто падот на крвниот притисок може да доведе до привремено губење на свеста:
- Срцева синкопа:
Овој тип на синкопа вклучува несвестица поради проблем со срцето. Многу срцеви заболувања можат да влијаат врз тоа колку крв со кислород може да испумпа вашето срце во мозокот. Овој тип сочинува 15%.
-Синкопа на каротидниот синус:
Овој тип на синкопа може да се случи кога нешто ќе ја притисне каротидната артерија на вратот. Каротидната артерија е главен крвен сад кој го снабдува вашиот мозок со кислород.
-Вазовагална синкопа:
Ова може да се случи кога некое лице ќе доживее стресен настан. Примерите вклучуваат гледање крв, емоционален стрес, физичка траума, емоционална траума или болка. Стресниот настан стимулира телесен рефлекс наречен вазовагална реакција. Вашето срце забавува и пумпа помалку крв, па вашиот крвен притисок нагло опаѓа. Потоа, вашиот мозок не добива доволно оксигенирана крв и се онесвестувате. Одредени телесни движења или функции, исто така, природно може да предизвикаат пад на крвниот притисок што може да доведе до несвестици.
Како се лекува несвестицата?
Луѓето - често на возраст од над 65 години - кои се онесвестуваат кога ќе станат пребрзо може да имаат потреба од: лекови, компресивни чорапи, повеќе течности и сол, вежби за нозе.
Прва помош за несвестица:
Доколку некој ја изгуби свеста:
-Проверете дали дишните патишта на лицето се чисти;
-Проверете дали лицето дише;
-Проверете дали неговото срце чука;
(гледај-слушај-чувствувај)
-Јавете се или побарајте итна медицинска помош ако лицето е повредено;
-Започнете со CPR ако лицето не дише или ако не чувствувате пулс.
Кога некој ќе се онесвести, а потоа ќе се разбуди:
-Охрабрете го да седне или да легне 10 до 15 минути (понекогаш и подолго, додека не поминат симптомите);
-Проверете дали има повреди за кои можеби е потребна медицинска помош (како повреда на главата или исеченица);
-Предложете му да седне напред и да ја спушти главата под рамената и колената. Понудете мраз или ладна вода.