Во шкотското езеро Лох Нес се утврдени многу траги од јагули, насекаде низ подводната површина. Но, нема поголеми животни, како диносауруси, на пример, тврди професорот Нил Гемел од новозеландскиот Универзитет „Отаго“.
Па така, новата претпоставка на научниците е дека светски познатото чудовиште од Лох Нес веројатно е поголема јагула. Примероците се земени минатата година во јуни.
- Јагулите се многу застапени во системот на Лох Нес… Во секое место од каде што зедовме примерок имаше многу траги од ова животно - рече Гемел.
Најпознатата слика на славната „Неси“ е онаа од 1934 година каде што ѝ се гледаат главата и долгиот врат како ѕиркаат над водата.
Извор: МИА