X
 07.08.2023 Забава

Се бараат волонтери кои ќе го бараат чудовиштето во Лох Нес

Првите гласини за постоењето на чудовиштето во езерото Лох Нес датираат од 565 година, но досега тие остануваат недокажани.

Туристичка атракција и музеј посветен на чудовиштето, „Лох Нес центр“, ќе ја организира најголемата потрага по чудовиштето во последните 50 години. За таа цел, центарот бара помош од волонтери кои ќе станат дел од тимот кој ќе го бара чудовиштето.

Големата потрага ќе се одржи на 26 и 27 август. Ќе се користат термални дронови за пребарување на водата и хидрофон за да се детектираат акустични сигнали кои би можеле да доаѓаат од чудовиштето.

Според официјалниот регистар на сведочења на лица кои го виделе чудовиштето, само оваа година, тројца изјавиле дека го виделе чудовиштето. Меѓутоа, долго време се смета дека најпопуларната фотографија од чудовиштето не е вистинска.

Група истражувачи во 2019 година предложиле дека луѓето можеби гледаат џиновски јагули бидејќи има многу јагули во езерото.

Во јуни британскиот претприемач Дејвид Фишвик понуди награда од 25.000 фунти за докажување на постоењето на чудовиштето.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава