X
 17.05.2023 Живот

Ловецот на чудовиштето од Лох Нес: Мислев дека оваа работа ќе биде полесна

Стив Фелтам го посветил целиот живот на решавање на мистеријата за чудовиштето од Лох Нес. Тој ја напуштил работата, ја продал својата куќа во Дорсет и се преселил во Дорес, село на источниот брег на Лох Нес, во 1991 година.

По 30-годишна потрага по чудовиштето, Фелтам вели дека верувал дека задачата ќе биде полесна.

Во првата година од потрагата забележал нешто чудно, надевајќи се дека наскоро ќе доживее слична работа.

- Забележав нешто слично на торпедо како минува низ водата. Мислев дека ова ќе биде полесно, особено по првата година и необјаснивите појави. Но, тука застанав и сè уште чекам да се појави нешто необично - вели тој.

Поради неговата посветеност, Фелтам беше прогласен за амбасадор на годината на туристичките награди во 2016 година. Тој претходно влезе во Гинисовата книга на рекорди за најдолг континуиран лов на чудовиштето од Лох Нес. Неговиот немилосрден лов по Неси доаѓа по 90 години од она што се опишува како прво модерно забележување на чудовиштето.

cudoviste
Фото: Wikipedia

Во април 1993 година Алди Мекеј, менаџерка на хотелот, раскажува дека во немирната вода на езерото видела суштество слично на кит. За ова известувал весникот „Инвернес курир“, а тогашниот уредник Еван Барон предложил ѕверот да се опише како „чудовиште“, што го започна модерниот мит за Неси.

Мекеј во интервју години подоцна изјавила дека видела нешто црно, влажно во вителот на водата. Кога му го опишувала суштеството на својот сопруг, таа го употребила терминот „ѕвер“.

Во 2019 година научниците објавија дека познатата Неси би можела да биде џиновска јагула.

Истражувачите од Нов Зеланд анализирале примероци од ДНК од водата и врз основа на тоа ги класифицирале видовите што живееле во езерото. По анализата, тие ја отфрлиле можноста за присуство на големи животни за кои претходно се претпоставувало дека се чудовишта.

Не биле пронајдени докази за праисториски морски рептил наречен плезиосаурус или голема риба како што е есетра. Исто така, биле отфрлени идеите дека чудовиштето би можело да биде сом или залутана гренландска ајкула.

Извор: ВВС
Фото: Peter Jolly/Northpix
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот