За Неси, чудовиштето од Лох Нес, се зборувало уште од античко време, но дури на 12 ноември 1933 година била направена првата фотографија од ова мистично суштество.
Фотографијата била направена од Хју Греј во близина на Фојерс, село на источниот брег на езерото. Греј го шетал своето куче кога наводно го видел чудовиштето и успеал да го фотографира.
Се претпоставува дека на сликата е всушност неговото куче кое носи стап, а се шпекулирало дека тоа би можело да биде видра или лебед. Нови фотографии од Неси продолжувале да се појавуваат, а најпознатата била објавена во „Дејли мејл“ на 21 април 1934 година. Фотографијата на која се гледаат главата и вратот на Неси ја направил Роберт Кенет Вилсон, доктор од Лондон. Тој сакал да остане анонимен, па сликата била потпишана како „фотографија на хирург“.
Според пишаните документи, Неси првпат излегла од езерото во 565 година, но дури во 19 век луѓето почнале да зборуваат за ова необично суштество. Легендата за чудовиштето привлекла значително внимание кога „Инвернес курир“ објавил статија во 1933 година.
Фото: Reddit
Таа година Алди Мекеј и нејзиниот сопруг виделе големо суштество како плива во езерото. Тие ги известиле новинарите за чудовиште со големина на кит кое се спуштило и се издигнало, создавајќи големи бранови. Три месеци подоцна, Џорџ Спајсер и неговата сопруга тврделе дека големо суштество со долг, брановиден, тесен врат го преминало патот пред да исчезне во езерото.
Откако „Курир“ ја објавил нивната приказна, и други читатели почнале да испраќаат свои искуства. Токму тогаш се родил терминот „чудовиштето од Лох Нес“.
Пред 11 години научниците од Универзитетот Колумбија објавија дека сведочењето на Спајсер било лажно и тврделе дека описот наликува на диносаурусот со долг врат што се појавил во филмот „Кинг Конг“ во 1933 година и бил популарен во тоа време.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото:
Wikipedia