X
 06.10.2016 Образование

Курс по одгледување марихуана

Канадски колеџ одлучил да организира курс по одгледување марихуана, со цел да ги подготви студентите за работа во локалните фабрики што произведуваат лекови од марихуана.

Курсевите на колеџот во покраината Њу Брунсвик ќе започнат да се одржуваат следната година.

Канадскиот премиер, Џастин Трудо, во својата кампања минатата година најави дека ќе ја легализира марихуаната за рекреативни цели, а владата вети дека прелог-законот ќе го поднесе во 2017 година. Употребата на марихуаната како терапија во медицински цели е легална, а компаниите што имаат директно учество во овој релативно мал сектор, „меркаат“ нов пазар во најавата за легализација на рекреативно користење марихуана.

Во август, локалната власт во Њу Брунсвик, каде што се сместени петте кампуси на колеџот, објавиле дека инвестирале четири милиони канадски долари во компанија за производство на медицинска марихуана, што се очекува да создаде 208 работни места за регионот.

Од колеџот велат дека сè уште работат на концептот на програмата, обемот на класовите и распоредот на часовите, а размислуваат дали ќе биде замислен како сертифициран курс или комплетна образовна програма.

Њу Брунсвик е место со 750.000 жители кое страда од слаба економија, што предизвикала намалување на популацијата преку миграции и „одлив на мозоци“.       

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование