На 3.10.2020 година (четврток) со почеток во 10 часот беше отворена третата по ред меѓународна научна конференција „Кон подобра иднина: Човекови права, организиран криминал и дигитално општество“ во организација на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Оваа година поради пандемијата на коронавирусот, конференцијата се одржа онлајн преку платформата „Гугл мит“.
На отворањето на конференцијата се обратија министерот за правда на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ, и деканот на Правниот факултет при УКЛО, вон. проф. д-р Горан Илиќ.
На пленарната сесија свои излагања имаа проф. д-р Дина Зигел од Институтот за казнено право и криминологија „Вилем Помпе“ при Универзитетот во Утрехт, Холандија, и вон. проф. д-р Дениз Серт од Одделот за меѓународни односи при Универзитетот „Озјегин“ во Истанбул, Турција. Пленарната сесија ја модерираше раководителката на Центарот за научноистражувачка работа при Правниот факултет, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска.
На конференцијата се одржаа и пет паралелни сесии на кои над 60 автори имаа можност да ги презентираат своите научни и стручни трудови, како и моментални истражувања. До крајот на октомври 2020 година ќе бидат објавени електронски изданија на зборниците на трудови на конференцијата, но се очекуваат и неколку специјални изданија на научни трудови.
(Комерцијална објава)