Креаторите на „Дуолинго“, познатата апликација за учење странски јазици, се обиделе да откријат кои се најпопуларни јазици според изборот на корисниците.
Месечно, „Дуолинго“ има над 120 милиони корисници. Новото истражување објавено неделава открива дека англискиот доминира кога станува збор за учење на јазици. Англискиот јазик е доминантен јазик на апликацијата во 116 земји. Втор најпопуларен јазик е францускиот јазик, кој е најпопуларен избор во 35 земји.
Она што е интересно е дека во Шведска, луѓето имаат неочекувани интереси. Речиси една третина од корисниците во оваа скандинавска земја го учат мајчиниот јазик. Дали тој е толку тежок за учење? Впрочем, не.
Како што покажува истражувањето, имиграцијата се зголемила во Шведска во изминатите години. Денес, еден во шест шведски жители биле родени во друга земја. Соодветно, најбрзо растечки странски групи се сириските и авганистанските.
Се забележува сличен тренд и на други места. Во САД, 13,1% од жителите се имигранти, а англискиот е втор најпопуларен јазик,
привлекувајќи 21% од корисниците на „Дуолинго“ во оваа земја. Норвешка, исто така, забележува пораст во популарноста на мајчиниот јазик - 18% од корисниците одбрале да учат норвешки јазик.