X
 06.10.2020 Живот

Кинескиот град што го снабдува целиот свет со евтини производи

Многу евтини производи што се користат насекаде низ светот се произведуваат во Кина. Оваа држава го снабдува светот со роденденски свеќи, чепкалки за заби, тениски рекети и многу други работи. Поголемиот дел од овие производи се произведуваат во само еден град - Јиву.



Јиву е мал град според кинеските стандарди, со население од над 1,2 милион жители. Но тој е важен за секој што некогаш купил чорапи, патенти или евтини маски произведени во Кина. Компании од целиот свет секоја година доаѓаат во Јиву да купуваат стоки и да прават нарачки на големо што потоа ќе завршат во продавниците за градежни работи или сувенири во наша близина.

Се проценува дека над 60% од сите новогодишни украси, особени светилките, се произведени во Јиву. Рафаеле Петрала, фотограф што го посетил градот, вели дека Божиќ почнува во септември во Јиву. Божиќниот пазар во Јиву е поголем од стадион, а во градот има и пазар за играчки, за патенти и за чорапи.



Фабриките во градот произведуваат многу од стоките што се продаваат на овие големи пазари, но духот на производството се шири и во предградијата и селата, каде што луѓето шијат во своите домови, а потоа ги продаваат производите на пазарите. Се проценува дека над 1.000 контејнери секој ден го напуштаат Јиву и се упатуваат кон странските пристаништа.

Како и во многу други кинески градови, економијата на Јиву некогаш се потпирала на земјоделството и сточарството. Градот почнал да станува центар за производство на стоки за трговија во 50-тите години. Градските власти инвестирале во инфраструктура и фабрики и сега продолжуваат да инвестираат во зголемување на квалитетот на производите што се прават во фабриките.

Автор: Даниел Стоун
Извор: nationalgeographic.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот