X
 15.05.2019 Живот

Жените да не плаќаат данок на производите за месечен циклус

Калифорнискиот гувернер Гавин Њусом и неговата сопруга Џенифер Сибле Њусом неодамна го открија нивниот план за укинување на данокот на тампони и пелени.

Предлогот се однесува и на укинување на користењето на приходите од легалната продажба на марихуана и нивна пренамена за проширување на програмите за заштита на децата.

- Гувернерот и јас сме горди родители на четири мали деца и овие проблеми ни се познати. Во Калифорнија се бориме за иднина во која нашите ќерки ќе бидат еднакви со нашите синови. За иднина во која секој родител ќе има поддршка што му е потребна за на децата да им овозможи најдобро можно семејство - вели Сибел.

ciklus
Фото: Depositphotos

Предлозите се дел од ревизијата на државниот буџет што ја претставува Њусом и објаснува на кој начин сака да потроши повеќе од 200 милијарди долари, пари од данокот.

Укинувањето на данокот на пелени и тампони би елиминирало 55 милиони долари. 134 милиони долари сака да потроши на проширување на програмите за грижа за децата, од кои 80 милиони би доаѓале од данокот за легална продажба на марихуана.

Со тоа децата до шест години ќе добијат 1.000 долари „даночен кредит“, а би се продолжило и платеното родителско отсуство од 6 на 8 недели.

Кристина Гарсија од Демократската партија вели дека предлогот за елиминирање на данокот на производите за месечен циклус е еднаков на создавање „менструална еднаквост“, што значи дека жените не би требало да плаќаат даноци за производите што мора да ги купат.

- Предлогот се базира на идејата „неутрален данок на родовите и кодекс што ги претставува нашите вредности“ - вели таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот