Во неодамнешна анкета на истражувачката фирма „Уан пол“ за потребите на веб-страницата „Експедија“, 70 отсто од испитаниците од Германија изјавиле дека земаат одредени работи од хотелските соби.
На прво место се производите за лична хигиена, како шампони и регенератори, кои завршуваат во куферите на 56 отсто од испитаниците. Популарни се и ковертите и пенкалата (23 отсто), како и папучите (18 отсто) и чајот и кафето (17 отсто). Помалку популарни се наметките (14 отсто), шолјите (6 отсто), украсите (4 отсто), прекривките (3 отсто) и електричните бокали (2 отсто).
Што е дозволено?
Гледајќи од правен аспект, не смеете да земете ништо од хотелската соба, дури ни шампоните и сапуните. Тоа е дел од хотелската содржина и е наменето за користење во текот на вашиот престој. Меѓутоа, повеќето хотели го дозволуваат тоа бидејќи откако производите биле искористени, тие секако треба да се фрлат.
Фото: Pixabay
Слична е ситуацијата со папучите бидејќи хотелот не може да ги користи повторно. Некои хотели нудат и разгледници кои може да ги земете без последици.
Мини-барот се наплаќа
Кога станува збор за пијалаците и храната, може да го консумирате она што е на ноќниот орман или перницата, како и на работната соба. Доколку храната се наоѓа на место со други производи, како во фрижидер, тоа е дел од мини-барот и се наплаќа.
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay