Вештачката интелигенција веќе ги нарушува индустриите: од банкарството и финансиите до филмот и новинарството, а научниците истражуваат како вештачката интелигенција би можела да ја револуционизира нивната област - па дури и да добие Нобелова награда.
Во 2021 година јапонскиот научник Хироаки Китано го предложил она што тој го нарекува „Нобел Туринг предизвик“, повикувајќи ги истражувачите да создадат „научник со вештачка интелигенција“, способен автономно да спроведе истражување достојно за Нобеловата награда до 2050 година. Некои научници веќе напорно работат на создавање колега со вештачка интелигенција достоен за Нобелова награда, а овогодишните лауреати ќе бидат објавени меѓу 7 и 14 октомври.
Всушност, веќе има околу 100 „научници роботи“, според Рос Кинг, професор по машинска интелигенција на Универзитетот „Чалмерс“ во Шведска. Во 2009 година Кинг објавил труд во кој тој и група колеги го претставиле „робот-научникот Адам“ - првата машина која самостојно направила научни откритија.
- Изградивме робот кој самостојно откри нова наука, генерира нови научни идеи и ги тестираше и потврди дека се точни - изјавил Кинг. Роботот е поставен за автономно да формира хипотези и потоа да дизајнира експерименти за да ги тестира. Тој дури би програмирал лабораториски роботи да ги вршат овие експерименти, пред да научи од процесот и да ги повтори.
Адам имал задача да ја истражи внатрешната работа на квасецот и открил „генски функции“ кои претходно биле непознати во организмот. Во трудот, креаторите на научниците-роботи забележале дека иако наодите се „скромни“, тие исто така „не се тривијални“.
Подоцна, друг научник робот - по име Ева - бил назначен да ги проучува кандидатите за лекови за маларија и други тропски болести. Според Кинг, научниците роботи веќе имаат неколку предности во однос на просечниот човечки научник.
- Чини помалку пари да се сработи науката, тие работат 24/7 - објаснил тој, додавајќи дека исто така се повнимателни во снимањето на секој детал од процесот.
Во исто време, Кинг признал дека вештачката интелигенција е далеку од тоа да биде научник добитник на Нобелова награда. За тоа би требало да бидат „многу поинтелигентни“ и способни „да ја разберат поголемата слика“.
Инга Струмке, вонреден професор на Норвешкиот универзитет за наука и технологија, вели дека засега научната професија е безбедна.
- Научната традиција не е ни приближно преземена од машини. Тоа не значи дека е невозможно. Дефинитивно е јасно дека вештачката интелигенција има и ќе има влијание врз начинот на кој се спроведува науката.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik