Станува многу јасно колку биле потценети неандерталците, архаичните луѓе што еволуирале во Европа и исчезнале пред околу 40.000 години. За нив се сметало дека имале недостиг на развој и интелигенција, во споредба со хомо сапиенсот. Но, сега се откриваат докази кои покажуваат дека помеѓу нив имало многу сличности. Не само што ги развиле камените алатки туку и го измислиле суперлепилото.
фото извор: Paul Kozowyk
Археолозите пронашле камења прекриени со катран на места каде што живееле неандерталци уште пред две децении. Катранот се користел за прикачување рачки на камени алатки и оружја. Во нова студија археолози користеле материјали достапни од праисториско време за демонстрирање на три можни начини на кои неандерталците намерно правеле катран.
Катранот можеби е најстариот материјал што тие го креирале. Нивни единствени материјали биле: превртен череп на животно за да се обележи теренот; мал камен на кој ќе се кондензира теренот; неколку ролни од кората на бреза, изворот на теренот и слој од пепел, за да се исклучи кислородот и да се спречи кората да гори.
Технички тие успевале да ја загреат кората до точната температура, но експериментот не произведувал многу од ова античко суперлепило – сигурно не толку колку што
неандерталците користеле за да направат копја, што можеби бил и првиот индустриски процес во историјата. Иновацијата, во 21 век исто како и пред 250.000 години, има тенденција да потекнува од неочекувани места.