X
 01.12.2022 Наука

Професорка од Шабац натпреварот Србија-Камерун го претворила во генијален час по физика

Додека некои го следеа натпреварот помеѓу Србија и Камерун, некои мораа да учат. Но, тоа учење воопшто не им било тешко бидејќи истовремено ја гледале играта и одговарале на прашања од физика.

Професорката по физика Татјана Марковиќ-Топаловиќ работи во средното медицинско училиште во Шабац. Дента кога требало да биде натпреварот меѓу Србија и Камерун, таа требало да ги испитува учениците.

- Кога пристигнав на час, сфатив дека нема да има испитување. Набрзина склопив прашања, а децата беа воодушевени. Сите до еден внимателно го следеа натпреварот и се обидоа да дадат одговори, истражувајќи во нивните учебници и на интернет. Не сакав само да го гледаат натпреварот кога знаев дека можев да го искористам часот и за учење и за консолидирање на знаењето - вели Татјана, која инаку беше прогласена за еден од најдобрите просветни работници во Србија.

Токму на часовите како овие и во вакви услови се препознаваат најдобрите. Татјана го пуштила натпреварот на прожектор, а на таблата напишала прашања на кои учениците одговарале за време на натпреварот.

Кој српски играч е најбрз и колку изнесува брзината?
Од димензиите на фудбалското игралиште, пресметај ја плоштината.
Одреди ја просечната густина на фудбалската топка.

- Ова не се тешки прашања, туку ги мотивираат децата да ги истражуваат одговорите. Спортот има многу простор децата да се заинтересираат и да научат нешто. Од физиката, од хемијата (допинг, исхрана, општото здравје на спортистите преку нивните лабораториски анализи), анатомијата на спортистот, примарна структура на фудбалерите, статистиката и анализата на играта (математика), и секако правилата на игра и анализа на натпревари со наставник по физичко - вели професорката и додава дека вториот час го имала во друго одделение, каде што децата биле еднакво заинтересирани за часот.

Татјана смета дека професорот мора да се приспособи на ситуацијата за трансферот на знаење навистина да биде успешен.



Извор: Lolamagazin.com
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука