Следејќи ја својата компаниска филозофија, која е континуирано насочена кон општествено одговорни проекти, dm дрогерие маркт на
17 ноември (недела) во 11 часот, во Градскиот парк во Скопје ќе организира
голем велосипедски настан за подигнување на свеста за значењето на машкото здравје. Под слоганот
„Пуштам БРК, БРКам здравје“, ќе се одржат три посебни велосипедски активности чија цел е да се поттикне машката популација кон поголема грижа, како правење самопрегледи и редовни лекарски прегледи. Главниот симбол на големото светско движење Movember насочено кон оваа кауза е токму големиот мустаќ кој ќе биде и севкупен знак на настанот на dm дрогерие маркт.
Сите заинтересирани
до 10 ноември ќе може да се пријават да возат маршрута од 100 километри низ Скопје или помала маршрута од 3,5 километри низ Градскиот парк. Пријавата е веќе отворена на следниот
линк и сите што ќе се пријават и ќе дојдат на самиот настан на 17 ноември, во 11 часот, кога е означен стартот, ќе имаат шанса да добијат и интересни подароци!
Покрај долгата и помалата маршрута, на 17 ноември во 11 часот ќе се одржи и активност со статични велосипеди пред Школка во Градскиот парк каде што секој посетител ќе може да вози и на голем екран ќе се исцртува голем мустаќ. Целта е сите присутни заеднички да дадат придонес за подигнување на свеста за машкото здравје.
Дополнително, неизоставен дел од овој настан ќе биде и дегустацијата на вкусни dmBio закуски подготвени од Симона Коруновска – Instanutriocnist, а ќе биде присутен и бербер кој на секој посетител ќе може бесплатно да му направи брзо средување на мустаќите или брадата. Низ настанот ќе нѐ води познатиот Игор Ангелов, a за музиката ќе се погрижи диџеј!
Од компанијата велат дека се надеваат на голем одѕив од страна на граѓаните за заедно да работат кон подигнување на јавната свест за прашања кои вообичаено не ги ставаме во преден план, зашто статистиките во поглед на многу аспекти поврзани со машкото здравје се изненадувачки и евидентно е дека мораме сите заедно да работиме кон развој на дискусијата и свеста за овие прашања.
dm дрогерие маркт ги повикува сите заинтересирани да се пријават за долгата или за кратката маршрута или, пак, да дојдат на настанот на 17 ноември на одлична дружба со многу важна кауза!
(Комерцијална објава)