X
 27.03.2024 Живот

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Џевахир мол“ во Скопје!

Континуираната експанзија на најголемиот дрогериски синџир во Европа - dm дрогерие маркт продолжува на домашниот пазар. На 29 март 2024 година, со почеток од 10 часот, dm ги отвора вратите на својата 25. дрогерија и тоа во „Џевахир мол“.

Во новата дрогерија, покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, купувачите ќе може да уживаат и во попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ, кој ќе трае од 29 до 31 март!

Покрај ова, на денот на отворањето купувачите ќе може да уживаат и во дополнителни изненадувања:

• Подарок dm торба за пазарување со секоја сметка
• Подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 500 денари
• Подарок dm пешкир за плажа, со секоја сметка над 1.999 денари.

Летокот за отворањето може да го разгледате тука.

На денот на отворањето купувачите на dm ќе бидат пречекани и во супер весела атмосфера со диџеј, а за најмалите ќе има и посебна забава!

Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели на ЈОУ Детска градинка „Фидани“ – Скопје, Општина Чаир.

- Секое отворање на нова дрогерија нѐ радува од две причини – првата е запознавање на нови купувачи, а втората е шансата да направиме нешто добро за локалната заедница. Во месецот кој го одбележуваме со 2 нови отворања, ја потврдуваме нашата компаниска цел, а тоа е да бидеме што поблиску до нашите купувачи и да ги исполнуваме сите нивни потреби и желби преку нашиот богат асортиман, единствените услуги и уникатното искуство за пазарење - изјави Билјана Миленовиќ, регионален менаџер за продажба во dm дрогерие маркт.

Дрогериите на dm со својот асортиман на речиси 14.000 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како и производи за хигиена во домот и нега на алишта се вистинскиот избор за пазарење сѐ на едно место. 
Повеќе од 3.000 производи се од нивните сопствени трговски марки кои имаат германски квалитет и секогаш поволни цени. Добропознатите dm марки Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и сите други гарантираат идентичен квалитет во сите 14 земји во кои компанијата работи, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.

Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 443,76 m2, од кои 361,32 m2 продажен простор, а 50,65 m2 магацински простор, како и 31,79 m2 помошен простор.

Работното време на оваа дрогерија ќе биде:
Понеделник до сабота: 10 до 22 часот
Недела: 10 до 20 часот

Со отворање на овој објект, dm е присутен со 25 продажни објекти во Македонија, од кои 15 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Битола, Струмица, Гостивар, Струга и Охрид и 2 продажни објекта во Штип!

Направете список за пазарење и на 29 март посетете ја новата dm дрогерија!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот