X
 06.12.2016 Култура

Годината во која Хитлер, Тито и Сталин живееле на исто место

Пред еден век, еден дел од Виена бил дом на Адолф Хитлер, Лав Троцки, Тито, Сигмунд Фројд и Јосиф Сталин.

Во јануари 1913 година, човекот на чиј пасош стоело името на Ставрос Пападопулус слегол од возот од Краков на станицата во Виена. Имал темен тен, гломазни мустаќи и под рака имал потполно незабележлив дрвен куфер.

„Седев сам на маса, кога вратата се отвори и влезе непознат маж“, пишува човекот со кој се сретнал да јаде, години подоцна.„Беше низок, слаб и во неговите очи не можев да забележам ништо што би укажало на дружељубивост“.

Писателот од овие редови бил руски дисидент и интелектуалец, уредник на радикалниот весник „Правда“. Неговото име било Леон Троцки.Мажот кој го опишувал не бил Пападопулос. Тој бил роден како Висаринович Џугашвили, пријателите го викале Коба, а ние го знаеме како Јосиф Сталин. Троцки и Сталин биле само неколку од многуте кои живееле во централниот дел на Виена и чии животи биле предодредени да го обликуваат и после тоа да го уништат 20-от век.

Станувало збор за шаренолико друштво. Револуционерите Троцки и Сталин биле во бегство, а Сигмунд Фројд веќе имал изградено име и репутација.

Младиот Јосип Броз, кој ќе влезе во историјата како водач на Југославија, работел во фабриката за автомобили „Дајмлер“ во град јужно од Виена. Неговиод ум бил насочен кон работата, парите и добриот живот.

Во тој момент, низ улиците во Виена чекорел и 24-годишен човек од Австрија чии соништа за студирање сликарство на Виенската академија на уметности веќе два пати биле претворени во прашина. Тој млад човек се викал Адолф Хитлер.

Виена имала своја сопствена култура која ги привлекувала амбициозните. Офицерите во војска во тоа време морале да знаат да издадат наредби на 11 јазици покрај германскиот.

Интелектуалната елита во Виена биле голема и сите се познавале и голем број од нив ги фаворизирале политичките десиденти и сите оние кои биле во бегство.

Виена било совршено место ако некој сакал да се скрие, а истовремено и да пронајде многу интересни ликови. А центарот го сочинувале кафеани во кои сите редовно оделе.

Иако не е познато дали Хитлер налетал на Троцки ниту дали Тито го запознал Сталин, но после имплозијата на царството во 1918, Хитлер, Сталин, Троцки и Тито се вратиле во своите краеви во кои ќе бидат запамтени засекогаш и ќе ја обележат светската историја.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура