X
 06.12.2018 Живот

Германија ќе потроши две милијарди евра за почист воздух

Германската влада одобри речиси две милијарди евра помош за германските градови во рамките на борбата за чист воздух. Ова беше соопштено по состанокот во Берлин меѓу претставниците на владата, градските власти и автомобилската индустрија.

- Буџетот за „Итната програма за чист воздух“ од сегашните милијарда евра би требало да биде зголемен на 1,5 милијарда - истакна германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот.

Владата обезбеди и дополнителни 432 милиони евра кои би требало да бидат потрошени на вградување филтри во возилата на јавните служби во градовите и за набавка на електроавтобуси.

На состанокот во канцеларијата на канцеларката главна тема бил проектот „Итна програма за чист воздух“, со кој владата ги поддржува градовите и општините на кои им се заканува воведување забрана за употреба на дизелаши поради превисоки вредности на азотни оксиди во воздухот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот