X
 25.06.2023 Наука

Се продава сладолед произведен од воздушни гасови

Во последните неколку години, се произведува храна од прилично необични состојки. Еден таков нов производ е сладоледот кој е направен од воздушни гасови и е прв од ваков вид во светот. Дали сакате топка?

Ресторан во Сингапур за прв пат во историјата служи сладолед направен од воздух. Развиен од финската компанија за прехранбена технологија „Солар фудс“ (Solar Foods), овој револуционерен нов десерт е направен од состојки извадени директно од воздухот.

Финската компанија доби регулаторно одобрение од Сингапур да го продава својот револуционерен микробен протеин солеин (solein). Новиот рецепт го комбинира протеинот со чоколадо, не е тестиран на животни и е целосно вегански производ. Со замена на млечните производи со солеин, сладоледот нуди познати вкусови и текстури на сосема поинаков начин.

Солеинот се произведува со помош на биопроцес кој ги храни микробите со јаглерод диоксид, водород и кислород заедно со мали количини на хранливи материи. Биопроцесот наликува на производство на вино, со гасови кои го заменуваат шеќерот како извор на јаглерод и енергија.

Резултатот е храна која содржи 65-70 отсто протеини, 5-8 отсто масти, 10-15 отсто диетални влакна и 3-5 отсто минерални хранливи материи со хранлив состав сличен на соја или алгите.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука