Тој е еден од најуспешните луѓе на денешницата. Секој не може да го повтори неговиот успех, но неговите совети би можеле да им помогнат на многумина да успеат во своите области.
Работете напорно
Кога Илон и неговиот брат ја основале својата прва компанија тие буквално живееле во канцеларијата. Практикантите честопати го буделе наутро, а се вели дека тој работел и до 100 часа неделно.
Не ги слушајте сите околу вас
Кога Маск одлучил да ја создаде „SpaceX“, еден од неговите пријатели сметал дека тоа е лоша идеја и се обидел да го разубеди во намерата. Но, Маск не го слушал и бил упорен во она што го работел.
Сакајте го она што го работите
- Доколку навистина ви се допаѓа тоа што го работите, за тоа размислувате дури и кога не работите. Тоа е нешто на што вашиот ум е навлечен. - Илон Маск.
Никогаш не се откажувајте
Илон инвестирал 100 милиони долари во компанијата „Space X“. Првите три ракети биле неуспешни, но тој не се откажал и следната ракета била успешна.
Правете нешто битно
Во едно интервју, Маск изјавил дека на почетокот мислел дека „Тесла“ ќе биде неуспех. Кога го прашале зошто основал компанија за нешто што мислел дека ќе биде неуспех, тој рекол: „Ако нешто ви е доволно битно, треба да го пробате дури и доколку шансите за неуспех се големи“.
Имајте добар производ
Доколку сте нови на пазарот, не е доволно само да бидете подобри од конкуренцијата. За да успеете, треба конкуренцијата да ја исфрлите надвор од водата во која сте сите.
Бидете оптимист
Илон Маск е познат по поставувањето на невозможните рокови. Голем дел од времето, неговите вработени не успеваат во целите, но голем дел од нив успеваат. Кога ќе постигнете нешто за што сте мислеле дека е невозможно, одеднаш многу повеќе работи стануваат достапни.